18.5 C
Скопје
00:04 - 10 јули, 2026

(Фото) Тони Цетински со емотивна порака се потсети на Тоше Проески: „Недостасуваш секој ден“

Вчера се одбележаа 45 години од раѓањето на Тоше Проески, а по тој повод многу негови пријатели и соработници од регионалната музичка сцена му оддадоа почит на „славејот од Крушево“ преку објави на социјалните мрежи. Меѓу нив е и хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински, кој и оваа година се сети на својот близок пријател со емотивни пораки на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski (@tonicetinski)

Во првата, покуса објава, Цетински сподели неколку заеднички фотографии со Тоше и кратко напиша: „Тоше, недостасуваш. Засекогаш твој. Потпишувам!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski (@tonicetinski)

Набргу потоа, тој објави и втора објава, придружена со илустрација на која се прикажани двајцата уметници, во која сподели подолга и исклучително емотивна порака:

„Тоше засекогаш…

Денес се сеќавам на него, не само како на голем пејач, туку како на човек каков што ретко се раѓа.

За мене, Тоше не беше ѕвезда од сцената, туку брат по срце. Знаеше да слуша, да разбере и без зборови и да насмее, дури и тогаш кога ми се чинеше дека светот застанува.

Кога ќе ме погледнеше, чувствував дека го гледа најдоброто во мене. Неговата топлина беше заразна, а неговата скромност нешто што те учеше како да бидеш подобар човек.

Тој беше човек што никогаш не поминуваше покрај туѓата тага – ќе застанеше, ќе помогнеше, ќе насмееше, ќе утешеше.

И никогаш не бараше ништо за возврат.

Денес, на неговиот роденден, палам свеќа и пеам тивко, затоа што знам дека некаде ме слуша.

Ми недостига неговата смеа, неговата едноставност, неговата вера во луѓето.

Но, кога ќе ги чујам неговите песни, како повторно да е тука, покрај мене, насмеан и смирен, и ми вели:

‘Не тагувај, пријателу… само сакај.’

И тогаш сфаќам – тој никогаш не си заминал.

Тоше остана во секое срце што го допрел, во секој збор што носи добрина, во секоја насмевка што се раѓа од љубов.

За мене, тој не беше само ангелски глас.

Тој беше мој брат по душа.

И сѐ додека го паметам со љубов, тој сè уште пее“.

Инаку, Тони Цетински важеше за еден од најблиските соработници на Тоше Проески во периодот кога македонскиот пејач го освојуваше хрватскиот музички пазар. Нивната заедничка песна „Лагала нас мала“ брзо стана голем регионален хит и сè уште е меѓу најслушаните балкански нумери.

Професионалната соработка меѓу двајцата со текот на времето прерасна во искрено и длабоко пријателство. Цетински секоја година, како на роденденот на Тоше, така и на 16 октомври – денот кога трагично го загубивме – јавно му оддава почит и сеќавање.

Слични објави

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо

(Фото) Ќерката на легендарниот Шабан Шаулиќ блесна на јахта среде Јадранот, ужива во луксузниот одмор

Еспресо

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо
Се вчитува....