12.8 C
Скопје
18:15 - 15 март, 2026

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Откако Тони Цетински го откажа планираниот концерт во салата SPENS во Нови Сад, неговата одлука предизвика бројни реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Како главна причина наведе дека не бил свесен дека токму тоа место кај некои луѓе буди тешки спомени од воените деведесетти години.

Токму таа изјава поттикна расправа меѓу фановите и јавноста. Набргу по објавата за откажувањето на концертот се огласи и управата на салата SPENS. Во својата порака изразија жалење за настанатата ситуација и потсетија дека Цетински и претходно настапувал на истата сцена.

Концертот на Тони Цетински во Нови Сад беше најавен за недела, 8 март 2026 година, во големата сала на SPENS. Настанот до моментот на откажувањето сè уште беше видлив на продажните страници, а во објавата на пејачот беше наведено и дека враќањето на парите за билетите започнува на 9 март преку сервисот Gigstix.

Цетински порача и дека верува дека ќе дојде време и место кога повторно ќе се соберат без товарот на минатото и повторно заедно ќе пеат. Со тоа остави отворена можност за нов термин, иако засега не е објавено кога концертот евентуално би можел да се одржи. Со оглед на тоа што Цетински е во центарот на вниманието, се потсетивме и на љубовниот живот на овој легендарен пејач.

Музичарот низ годините повеќепати застанал пред олтар, а трајната среќа ја пронашол дури од третиот обид. Првпат ѝ го изговорил судбоносното „да“ на Антонела Бутиган. Се запознале во 1994 година на изборот за Мис на Дубровачко-неретванската жупанија, каде што Бутиган се натпреварувала за титулата, додека Цетински настапувал на церемонијата.

По една година врска решиле да се венчаат, а во бракот го добиле синот Критијан. Сепак, нивната љубовна приказна завршила по пет години, кога бракот бил црковно поништен. По разводот, Цетински започнал врска со Ивана Нобило. Нивната врска траела осум години пред во 2007 година да решат да застанат пред олтар во Ровињ.

Нејзиниот татко наводно на почетокот не ја поддржувал нивната врска, но подоцна ја прифатил ситуацијата и присуствувал на свадбата. Тони и Ивана ја добиле ќерката Пиа, а нивниот однос со години делувал складно, и приватно и деловно. Сепак, бракот завршил со развод во 2012 година. По разделбата, Ивана се повлекла од јавноста и денес е доктор на науки.

Во меѓувреме пронашла нова љубов со поранешниот капитен на хрватската одбојкарска репрезентација Дејан Лалиновиќ, со кого во 2016 година добила син. Тони пак одбележа единаесет години брак со својата трета сопруга Дубравка. Нивната љубов била крунисана дури трипати – најпрво се венчале во Лас Вегас, а потоа организирале прослава и во Загреб и во Винковци.

Двојката дополнително ја зацврсти својата врска во септември 2021 година, кога се венчаа во црква во Опатија. Зад нив е и тежок животен период што им го променил секојдневието. Имено, Дубравк, која е 15 години помлада од Тони, во 2019 година доживеала мозочен удар, по што следувало долго закрепнување. По тој стресен настан, сопружниците решиле да се преселат во Истра, каде што денес живеат помирен начин на живот.

Слични објави

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо
Се вчитува....