5.8 C
Скопје
06:57 - 1 април, 2026

Том Круз сака да биде како Харисон Форд, ама со повеќе пари: „Имам 20 години да го достигнам“

том круз

Суперѕвездата сака да земе урнек од Харисон Форд, кој глумеше во последниот филм за Индијана Џонс на 80 годишна возраст.

Том Круз има намера да глуми во својата позната франшиза „Невозможна мисија“ до длабока старост, или поточно, до најмалку 80 години, по примерот на неговиот колега Харисон Форд, известува Дејли Мејл.

Том Круз (61) го прослави својот роденден на премиерата на неговиот најнов филм во Сиднеј, Австралија, Mission: Impossible: Deadly Reckoning Part 1. И рече дека ќе продолжи да глуми во акциони филмови.

Додека разговараше со Sydney Morning Herald на црвениот тепих, Круз ја пофали долговечноста на Форд и рече дека се надева дека ќе ги постигне истите резултати.

“Харисон Форд е легенда. Му се восхитувам. Имам 20 години да го достигнам. Се надевам дека ќе продолжам да глумам во филмовите “Невозможна мисија” додека не наполнам негова возраст”, рекол актерот.

Сепак, Том Круз се надева на поголема заработка кога ќе ја достигне возраста на Форд, бидејќи најновиот филм за Индијана Џонс не оди премногу добро на кино благајните.

Но, иако Форд, според многумина, се „врзал“ со Индијана Џонс, глумецот сепак планира да продолжи да глуми што подолго.

За време на интервјуто за Си-Ен-Ен за подкастот „Кој зборува со Крис Валас“, Форд рече дека наместо да се пензионира, бара нови филмови и серии во кои ќе глуми.

“Се чувствувам лошо кога немам работа. Обожавам да работам”, признал актерот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....