0.8 C
Скопје
06:16 - 15 март, 2026

Том Круз не мисли да се откаже од Шакира: „Таа е потенцијален партнер за цел живот“

Пред неколку недели за време на Формула 1 Гран прито на Мајами, од неодамна слободната Шакира беше забележана како се дружи со повеќе познати личности заедно со нејзините два сина (кои ги има од врската со Пике).

Но, несомнено е дека најизненадувачка беше дружбата со холивудската ѕвезда Том Круз, кој дури помина извесно време со двете деца.

Медиумите од таа средба известуваат дека актерот бил апсолутно маѓепсан од пејачката, дури и на својот близок круг пријатели им рекол дека чувствува хемија со неа што сака да ја истражува. Но, според извор близок до Шакира, кој зборуваше за Дејли Мирор, пејачката се чувствувала поласкано, но сепак останува незаинтересирана за врска со Том Круз. Но, сега пак, работите стануваат чудни, според најновите информации на британските и американските медиуми.

Според The Mirror, Том Круз го задржал својот интерес на високо ниво за Шакира бидејќи навистина чувствувал дека има хемија со пејачката и тој веќе направл неколку последователни гестови и потези за да го освои нејзиното срце.

„Откако ја запозна Шакира, Том Круз беше убеден дека запознал потенцијален партнер за цел живот. Тоа беше брзо и едноставно покажува како некои мажи никогаш не ја добиваат пораката. Само затоа што жената е пријателски настроена кон вас, не значи дека таа очајно ве сака. Сè почнало да станува чудно кога Том Круз, наводно, постојано спомнувал дека Шакира е неговата жена од соништата. Тоа сигурно ќе го исплаши секој човек, а камоли жена“, пишува Мирор.

Но, пораката беше прилично едноставна, „Том Круз е одличен актер и веројатно одличен човек“. Сепак, Шакира не сака да го навреди и сакаше да го увери светот дека е само пријателски расположена кон него.

Шакира, според Мирор, нема намера да ја засрами или вознемири ѕвездата на Топ Ган, но нема апсолутно никаков романтичен интерес од нејзина страна. Само што тоа не го сфаќа Том Круз, туку инсистира на „жената од неговите соништа“. И, според неговите блиски, не мисли да се откаже додека не ја освои.

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....