5.8 C
Скопје
06:18 - 1 април, 2026

„Тоа што му го правеше Мелина на Харис Џиновиќ беше грдо“: Весна Ѓогани се пишмани за изјавата

Естрадата ја потресе веста за разводот на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Галиќ. Тие се разведоа по две децении брак, а важеа за еден од најхармоничните парови.

Весна Ѓогани еднаш проговори за неверството на Мелина.

Пејачката синоќа гостуваше во емисијата „Цеца шоу“ која се емитува секоја среда во 22 часот на ТВ Блиц и одговараше на различни прашања.

Пејачката сега откри дали се кае за изјавата дека Мелина го изневерува сега веќе бившиот сопруг Харис:

– Јас го кажав тоа. Но, тоа е некоја стара драма. Не би се навраќала на тоа – рече таа.

Пред неколку месеци Весна изјави дека слушнала некои работи за Мелина и нејзините наводни неверства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAMEL (@hamelofficial)

– Јас сум во тимот кој навива за Харис Џиновиќ. Многу ми е жал за него бидејќи се што направи Мелина е многу грдо. Тоа го знаеме од порано, од салонот каде што доаѓаше. Беше навистина ужасна, многу зборуваше за тоа што го прави. На сите им се фалеше што прави, бевме во шок. Беше навистина страшно, го коментирав и со другарките и со Џоле. Сакав да му кажам на Харис, но Ѓоле не ми дозволи, ми рече да не се мешам – рече тогаш Весна.

Таа откри дали мисли дека разликата во годините можеби била проблем:

– Разликата во години не е проблем. Кога сакаш некого, тоа не треба да ти пречи. Треба да растете и созревате заедно со текот на времето – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....