Во секси едноделен костим за капење, фолк-пејачката Елена Велевска се јави од Охрид, со фотографија која предизвика многу коментари на Инстаграм.
Таа е сликана во еден познат охридски спа-центар, во опуштено издание. Изборот на едноделен костим за капење во впечатлива тиркизно-сина боја совршено ја нагласува нејзината фигура.
Она што најмногу ги воодушеви следбениците е нејзиниот свеж изглед и сексапил.
„Ели, ти си голема бомба, топ“, се дел од коментарите.
Додека ужива на лежалките, пејачката уште еднаш потврди дека тајната на нејзиниот изглед лежи во балансот меѓу напорната работа и квалитетниот одмор.

Велевска неодамна проговори за нејзиниот однос со децата кои живеат во Охрид и раскажа искрена приказна за синот Марко. Таа е мајка на три деца: Софија, Марко и Калија.
Посебно емотивен беше моментот кога ја опиша гордоста на нејзината ќерка по неодамнешниот настап во Струга, во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.
„Леле, мамо, колку убава забава направи“, биле зборовите со кои ќерката ја пречекала по концертот.
