00:57 - 2 април, 2026

Тијана Дапчевиќ откри како ослабела дури 45 килограми

Српските медиуми потсетуваат како своевремено пејачката Тијана Дапчевиќ ослабела дури 45 килограми. Додека била бремена со синот Вук, популарната пејачка толку многу се здебелила што, се чувствувала како да е сосема друга личност.

Пред да го донесе на свет синчето,Тијана имала 115 килограми.

–Носев друга личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутини – изјавила Тијана и открила која била тајната на нејзината успешна диета.

– Почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми треба никаква диета, туку дека треба да го сменам мојот начин на живот – изјавила пејачката.

Таа, како што вели, решила секој нов ден да го започне со овесна каша со чиа семе и црвено овошје, за ручек најчесто јадела мисирка со зеленчук.

– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, често се опуштам и се дебелеам – изјавила пејачката за Глоси.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....