13:51 - 6 април, 2026

Тијана Дапчевиќ откри бламажа: „Кога го прашав Чола за дует, ме гледаше како смрдлив кашкавал“

Тијана Дапчевиќ неодамна сподели интересна приказна од своите почетоци во музиката. Во разговор со медиумите, пејачката се наврати на моментот кога, како млада и амбициозна, посакала да сними дует со легендарниот Здравко Чолиќ. Сепак, нејзината желба не поминала според очекувањата.

Говорејќи за новата соработка меѓу легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага и  раперот Девито, Дапчевиќ со одушевување ја поздрави идејата да се спои младата енергија со „диносаурусите“ на музичката сцена:

„Момчило и Девито? Не сум слушнала! Тоа мора да е спектакл! Прекрасно! Знаеш она – кога ќе се спојат младите со старите лавови, нема подобра комбинација“, изјави Тијана.

Новинарката ја потсети дека такви спојувања не биле реткост ни во минатото, по што Дапчевиќ се присети на својата ситуација со Чолиќ:

„Па јас кога сакав да снимам дует со Здравко Чолиќ, тој ме гледаше како смрдлив кашкавал. Се шалам, секако“, рече Тијана низ смеа, алудирајќи на тоа колку била млада и невидлива во тој период.

Слични објави

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin
Се вчитува....