10.8 C
Скопје
14:06 - 19 февруари, 2026

Тијана Дапчевиќ: Кога ќе кажете диета, мозокот веднаш ви се блокира и мислите само на храна

Како гостинка во емисијата „Не е лесно да се биде јас“, пејачката Тијана Дапчевиќ отворено зборуваше за борбата со вишокот килограми, пишува Гранд.рс.

– На почетокот на кариерата бев многу послаба отколку сега. Одамна сфатив дека музиката се гледа повеќе отколку што се слуша. Моите маки никој не ги знае. Можам да напишам книга за исхрана, а не за диета. Кога ќе кажете диета, мозокот веднаш ви се блокира и мислите само на храна – изјави таа за Гранд.

Пред неколку години, Тијана целосно го промени својот начин на исхрана и долго време нема никакви проблеми со тежината.

– Секој човек е посебен и јас сакам да јадам онака како што јадам во последните неколку години. Првенствено се грижам за моето здравје. Внимавам што јадам, кога и колку јадам за да го зачувам моето здравје, а мојот изглед повеќе или помалку – додаде пејачката.

Нејзината сестра Тамара е сосема поинаков тип од неа, редовно вежба, а Тијана воопшто не ја интересира вежбањето.

– Јас не сум од оние што вежбаат, како на пример сестра ми која живее во теретана. Таа ги носи децата на училиште и оди во теретана. Постојано ми се „качува на глава“ и ми вели да почнам да вежбам. Јас сето тоа го решавам со исхрана, а таа вежба за да јаде. Одамна сфатив дека сè е до главата, но сфатив и дека кај нас музиката повеќе се гледа отколку што се слуша. Мислам дека е некултурно ако си јавна личност да излегуваш, а да не си негуван. Има луѓе кои се подебелки, но тоа е симпатично. Ако сум си убава себеси вака, сфаќам дека сум убава и за другите, ако си убав одатре, тогаш си убав и однадвор – заклучи Тијана..

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....