3.8 C
Скопје
20:14 - 20 декември, 2024

Теориите на заговор влечат трага од Кина, кој стои зад атентатот на екс-премиерот на Јапонија Шинзо Абе?

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе (67) почина во болница по обид за атентат. Злосторството се случило утрото на 8 јули за време на изборен говор на политичар на една од улиците на градот Нара во централниот дел на земјата.

Во моментот на обидот за атентат, поранешниот шеф на владата стоел покрај фреквентна раскрсница и држел говор опкружен со поддржувачи, персонал и обезбедување. Околу 11:50 часот по локално време, испукани се најмалку два истрели. Според новинската агенција Кјодо, Абе бил застрелан во вратот од десната страна и во пределот на градите од левата страна.

Се покажа дека напаѓачот е 41-годишниот локален жител Тецуја Јамагами, поранешен војник на Јапонските сили за самоодбрана. Од рачно изработена двоцевка -пушка пукал во екс премиерот. Јамагами бил веднаш уапсен. Подоцна призна дека е незадоволен од политиката на Абе и дека имал намера да го убие.

Полицијата извести дека експремиерот веднаш по повредата бил свесен, но потоа, при транспортот, неговата состојба станала критична со „срцев и белодробен застој“. Така се нарекува клиничката смрт во Јапонија, но тоа може официјално да го констатира само специјално овластен лекар.

По обидот за атентат, во владата беше организиран кризен штаб, а актуелниот премиер Фумио Кишида итно ја прекина предизборната турнеја на североистокот на земјата и пристигна во Токио.

„Се надевам дека поранешниот премиер Абе ќе преживее и се молам за тоа“, рече Кишида.

Меѓутоа, во последните часови Абе не даваше знаци на живот. Според братот на поранешниот премиер, јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши, лекарите му дале трансфузија на крв. И покрај нивните обиди, Абе починал набрзо во медицинската универзитетска болница Нара.

Заговор или посебен случај?

Јапонската влада остро го осуди обидот за атентат врз поранешниот премиер: Кишида го нарече инцидентот монструозен, „варварски и злобен“.

Корисниците на јапонските социјални мрежи се убедени дека Кина е главниот чинител во елиминацијата на Абе, иако некои зборуваат дека ваквите обвинувања се „сериозно претерани“, бидејќи за време на неговата премиерска функција, Абе, напротив, се обидел да воспостави дијалог со Пекинг и да ги реши билатералните проблеми.

Јапонците на социјалните мрежи не се согласуваат ни дека убиството на Абе било поради наплив на незадоволство, како одговор на неговите активности кога тој беше шеф на кабинетот. Според нив, премиерската функција на Абе оставила длабока трага не само во земјата, туку и променила многу правци во светската политика, секако, на добро.

Инаку, Јапонија е многу безбедна земја со ниска стапка на криминал, така што овој случај е нешто невообичаено и многу неочекувано. До сега немало ни посериозни инциденти, особено со вакви високи функционери.

Поради обидот за атентат врз Абе во Јапонија, беше предложено да се одложат изборите за парламентот за подоцна. Гласањето требаше да се одржи на 10 јули. За време на неговиот предизборен говор, Абе поддржа еден од кандидатите од Либерално-демократската партија (ЛДП).

Шинзо Абе беше шеф на владејачката партија и премиер на Јапонија од септември 2006 до септември 2007 година и од декември 2012 до септември 2020 година. Ова му овозможи да стане апсолутен рекордер во историјата на земјата за времетраењето на континуираниот мандат како шеф на владата.

Во август 2020 година, Абе одлучи да се повлече поради влошена здравствена состојба, а го наследи Кишида. Во ноември минатата година, тој стана шеф на најголемата фракција во ЛДП, додека остана еден од најмоќните јапонски политичари.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....