Темна тајна која Џек Николсон ја открил дури многу подоцна, благодарение на еден новинар. Дотогаш живеел живот во лаги.
Животот на актерите кои ги гледаме на филмското платно и дознаваме за нив преку телевизиските екрани делува совршен и воодушевувачки. Но, вистината е дека и ѕвездите се само луѓе и се справуваат со проблемите на обичните луѓе. И тие се соочуваат со здравствени проблеми и емоционални разочарувања. Како во случајот со Џек Николсон и мрачната семејна тајна која ја открил дури на 37 години.
Jack Nicholson, 85, looks disheveled on LA balcony as he’s seen for first time in TWO YEARS https://t.co/4Vi5pykFoE pic.twitter.com/EnJCDOMbSN
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 13, 2023
Денес актерот има 85 години, а неговото последно „уловување“ од папараците (на балконот на неговата вила) се случи пред неколку дена, после последното појавување во јавност во 2021 година. Пријателите постојано ја изразуваа својата загриженост за неговата здравствена состојба, некои тврдат дека актерот има деменција. Ѕвездата живее изолиран живот, затворен во својата вила повеќе од две години.
Неговата кариера беше незаборавна која опфаќа повеќе од 50 години. Глумел во познати филмови и покрај најголемите холивудски актери.
Но, малкумина знаат дека толку години неговото семејство чувало тајна од него, која Џек Николсон ја открил дури случајно кога имал 37 години.
Роден во Њујорк во 1937 година, актерот пораснал со неговата баба Етел Николсон, верувајќи дека таа е негова мајка. Во тоа време, таа беше сопственик на салон за убавина.
Џек Николсон живеел и со својата сестра Џун, која на 19-годишна возраст решила да го напушти домот, за да се обиде да успее како актерка. Таа отсекогаш била негов идол и на 17-годишна возраст актерот решил да се пресели во Лос Анџелес и да го следи нејзиниот пример.
За жал, Џун се разболела и умрела во 1963 година. Седум години подоцна на починала и бабата.
Николсон успеа да ја надмине својата тага и да најде сила благодарение на неговата работа. Меѓутоа, неговиот живот се превртел наопаку кога имал 37 години, после повик од еден репортер. Новинарот му ја открил семејната тајна: неговата сестра Џун всушност била неговата биолошка мајка.
Актерот не верувал во тие зборови, се додека другата сестра Лорен, која всушност била неговата тетка, сестрата на Џун, не му ја признала целата вистина.
Таа била премногу млада за да биде мајка, па нејзините родители ја криеле бременоста и се преправале дека Џек е нивно дете.
„Не можев да се справам со нив, тие беа мртви. Често сум велел за нив: покажи ми која било жена денес што би можела да чува тајна на тоа ниво, таква жена ќе сакам“.