22.8 C
Скопје
18:23 - 1 октомври, 2026

Тејлор Свифт открива сурова вистина: „Ким Кардашијан ме уништи психички! Поради неа не излегов од дома цела година“

Свифт признава дека цела година не излегувала од дома поради Кардашијан.

Ова е година на Тејлор Свифт која со турнејата „Eras“ ги собори сите рекорди, па дури ги надмина милионерите и политичарите и беше прогласена за личност на годината од магазинот „Times“. Но, работите не беа секогаш толку светли за младата пејачка (33).

Многумина се сеќаваат на понижувањето што го доживеа од Канје Вест, кога тој се качи на сцената за време на доделувањето на наградата VMA во 2009 година за најдобра песна, која тогаш деветнаесетгодишната Тејлор ја освои, грабнувајќи ѝ го микрофонот од рака и велејќи дека Бијонсе ја заслужи наградата. Колку оваа траума влијаеше на неа, зборуваше младата пејачка во нејзиниот филм „The Eras tour film“. А таа сега ја обвини и Ким Кардашијан дека психички ја уништила и ја принудувала да се крие за време на нивната долгогодишна расправија.

По испадот на сцената, Канје во 2016 година напиша песна која вклучуваше вулгарни зборови за Тејлор, која тогаш беше ѕвезда во подем. Ким пак, која во тој период беше во брак со раперот, објави илегално снимен телефонски разговор меѓу Тејлор и Канје во кој се слуша дека Свифт признава дека не ја заслужила наградата.

Тејлор сега објасни дека јавноста мислела дека е тоа смрт за нејзината кариера и додава: 

“Не грешеа, мојата кариера ми беше одземена. И тоа се поради илегалната снимка на телефонскиот разговор кој Ким го монтирала и потоа го објави за сите да ги убеди дека сум лажга“, вели Свифт, а пренесува Entertainment tonight.

“Тоа ме уништи психички. Се преселив во странска земја. Не излегов од дома една година. Се плашев да се јавам на телефон. Ги оттурнав повеќето луѓе од мојот живот бидејќи повеќе не верував на никого. “, опиша поп иконата, која поголем дел од албумот „Reputation“ го посвети на тоа искуство. Сликите на змии се исто така референца за реалити ѕвездата.

„Мислев дека негативните реакции ќе ме дефинираат до крајот на мојот живот“, објасни таа.

Сепак, во годините што следеа нејзината кариера само напредуваше, а таа стана најголемата поп ѕвезда на денешницата, соборувајќи ги сите рекорди.

 

Слични објави

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Милица Тодоровиќ со својот син го напушти станот во луксузна населба – новите соседи открија сè за нејзиниот партнер

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Работа од дома – комфор или ризик за менталното здравје?

Еспресо

(Фото) Хана покажа колку е блиска со Наташа Беквалац – сподели емотивни моменти од роденденот на мајка си

Еспресо

„Го удри трамвај среде Белград“: Тома Здравковиќ доживеал сообраќајна несреќа кратко пред смртта

Е.А.

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.
Се вчитува....