03:10 - 2 април, 2026

Тејлор Свифт критикувана поради приватниот авион, годинава летала 170 пати

Пејачката Тејлор Свифт се најде на удар на критиките откако беше откриено дека нејзините патувања со авион, испуштаат повеќе јаглерод диоксид од која било друга славна личност.

Една неодамнешна студија од Yard, фирма за дигитален маркетинг, покажа дека нејзиниот авион оваа година испуштил 8.293 тони јаглерод диоксид, околу 1.200 тони повеќе од авионот на Флојд Мејведер. Студијата користела податоци од профилот на Твитер @CelebJets, кој ги следи патувањата на славните. Од сметките се утврдило дека нејзиниот авион направил 170 патувања оваа година, а нејзиниот најкраток лет траел 36 минути.

„Авионот на Тејлор Свифт има просечно време на лет од само 80 минути и просечно 139 милји по лет. Нејзините вкупни годишни емисии од летот се 8.293 тони, или 1.184 пати повеќе од вкупните годишни емисии на просечниот човек“, се тврди во студијата. Нејзиниот тим во изјава за Е! News, рече дека летовите не биле само нејзина вина.

„Авионот на Тејлор редовно се позајмува на други луѓе. Да ѝ се припишат повеќето или сите овие патувања е очигледно неточно“, рече нејзиниот портпарол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....