Лила Филиповска во емотивна објава раскажа за тешкиот период низ кој поминала, поточно борбата со ракот и рече што е она што морала во тој момент да го направи.
– Тебе ти дозволив да ја скратиш мојата коса кога немавме друг избор. Не дозволи да правиме драма од тоа туку смислуваше фризури и правеше сѐ да ми биде полесно. И ми беше! Покажа грижа, поддршка и разбирање во секој поглед.
Ова е приказна за доверба, благодарност и пријателство што ќе трае… фала ти драг мој Зоки Давитков – напиша водителката и инфлуенсерка со фотографија од себе со познатиот стлист.
Лила објави сексапилна фотосесија со него, и покажа дека на 54 години изгледа одлично.

– Драги мои дами, сега облеков розово за да ве потсетам редовно да се прегледувате и да не чекате, бидејќи раната превенција значи живот!
Изберете живот и не заборавајте канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате. Проверете се и уживајте во животот -напиша таа на својот инстаграм-профил во 2023 година, по операцијата на ракот на дојка.
