10.8 C
Скопје
06:43 - 18 мај, 2024

Теа Таировиќ со теорија на заговор: „Колегите ѝ го наместија приведувањето, љубоморни се што е распродадена…“

Претходниот викенд како гром од ведро небо во медиумите низ целиот регион се појави веста дека Теа Таировиќ е приведена на настап во Шведска.

Како доказ за наводното апсење, објавени се и фотографии на кои пејачката е со рацете на грбот, поради што се тврди дека и биле врзани со лисици, додека зад неа стоело лице за кое се вели дека е полицаец.

По оваа вест се огласи и Теа, но и нејзиниот менаџер, двајцата со контрадикторни изјави. Теа тврдеше дека така ги држела рацете зашто ја болела кичмата, а менаџерот дека дошла полиција само за да провери дали се документите во ред, и потоа си отишла.

Сега, Теа повторно се огласи, овојпат со теорија на заговор. Имено според извори блиски на Теа, таа тврди дека целата приказна за „протворот“ во Шведска ја измислиле новинарите во соработка со одредени пејачи и естрадни уметници – вториве поради љубомора што им ги зема тезгите.

– Теа смета дека се ова го смислиле нејзините поединечни колеги со нивните манаџери, кои оваа вест ја испратиле на медиумите. Глваната причина за местенката е тоа што таа се „убива“ од работа на терен, а тоа им пречи на нејзините колеги кои се далеку подолг период на сцената отколку што е таа. Теа пее речиси секоја вечер, распродадена е до крајот на годината, а по настап заработува од 12.000 до 15.000 евра. Сите ја бараат, а многу настапи мора и да одбие, зашто едноставно не може се да постигне, пренесува изворот за српските медиуми.

Во меѓувреме, Теа продолжува со својата турнеја. Деновиве продолжува да пее во Софија, па оттаму ќе замине во Словенска Бистрица, па во Цирих. Во Скопје ќе настапи на 6 мај. Турнејата и завршува дури на 27 мај, со настап во Цеље, Словенија.

Слични објави

(Видео) Ужасна глетка: Вака раперот Пи Диди се иживува на девојка

еспресо

(Фото) Род Стјуард се шета низ Белград како целиот нормален свет: Во фармерки и патики, кој би го препознал!

еспресо

Шокантно откритие: Јована Јеремиќ сподели кое е најчудното место каде што водела љубов

Еспресо

Северина завојува со познат свештеник: „Јас само имав добар секс, а тоа ти го посакувам и на тебе“

Еспресо

Луна ја покажа семејната идила: Вака Миљковиќ го поминуваат времето по скандалот со соседите

Еспресо

(Фото) Еве каде ѕвездата на „Гранд“ живеела со сопругот кој почина вчера: Станот полн со луксуз, во бањата има златна тоалетна школка…

Еспресо
Се вчитува....