2.8 C
Скопје
16:22 - 20 декември, 2024

Тажната приказна за наследникот на најбогатиот човек во Индија кој прави неверојатна свадба: Го викаат „мечка“ со 208 килограми, а неа „спонзоруша“, вистината е поинаква!

Анант Амбани, најмладиот син и еден од наследниците на најбогатиот човек во Азија – Мукеш Амбани, во текот на изминатиот викенд организираше тридневна раскошна, екстравагантна забава во Џамнагар, што беше само увертира за неговата венчавка со Индијката Радика Мерчант.

Иако двојката ќе се венча дури во јули, забавите веќе започнаа без да се гледа на трошоци;  само овој викенд на гостите им беа послужени околу 500 јадења подготвени од околу 100 готвачи, а ги забавуваа Ријана и магионичарот Дејвид Блејн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love Guru (@loveguru_pro)

На ексклузивната прослава присуствуваа околу 1.200 истакнати гости од целиот свет, меѓу кои Иванка Трамп, Бил Гејтс и Марк Цукерберг, како и голем број боливудски ѕвезди и познати индиски спортисти и музичари, а забавата чинела над 150 милиони евра!

Деновиве социјалните мрежи се преплавени со видеа и фотографии од оваа забава, а контрастот меѓу идниот младоженец и неговата избраничка на многумина им падна во очи. Не изостанаа сурови коментари за младенците – Радика според многумина го доби епитетот „спонзоруша“, додека Анант поради вишокот килограми беше „почестен“ со низа навреди, коментирајќи дека личи на „мечка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anant Ambani (@ananthambani)

28-годишникот веројатно знаел дека ќе се соочи со остри коментари, па неговото однесување пред камерите било многу симптоматично. Односот и говорот на телото на Анант откриваат дека нему му е малку непријатно во сопствената кожа и дека не му е удобно меѓу толпата луѓе, а Радика цело време ја имаше главната улога на церемонијата. Таа самата одржа говор во кој им се заблагодари на гостите, иако и тој беше на сцената покрај неа; сепак, јасно е дека главниот збор го имаше убавата Индијка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by radhikamerchantfp (@radhikamerchant_)

Радика меѓу другото кажа и неколку зборови за нивната љубов, нагласувајќи дека нема зборови со кои може да се опише колку е горда на својот иден сопруг. „Има милијарди луѓе на оваа Земја и што значи еден живот? Но, кога ќе го пронајдете вистинскиот партнер, ќе најдете некој кој ќе ви вети дека ќе се грижи за сè – за тажното, убавото, лошото, храброто, обичното во вас… Ќе му речете: „Ќе те гледам секој ден. Твојот живот нема да помине незабележано бидејќи јас ќе посведочам за него.“ Анант, толку сум благословена што сум сведок на твојот прекрасен живот“, рече таа во својот говор.

Сепак, тој накратко и се обрати на толпата велејќи дека тој имал среќа што ја добил Радика, а во емотивен говор им се заблагодари на родителите за поддршката, расплакувајќи ги. „Мојот живот не беше секогаш совршен, доживував многу болки. Имав многу здравствени кризи уште од детството, но татко ми и мајка ми никогаш не ме оставија да страдам. Тие секогаш беа покрај мене”, рекол тој.

Интересен е и начинот на кој Анант им позираше на фотографите за време на нивната свршувачка во јануари минатата година. Тој практично се сокри зад телото на убавата избраничка, па дури и кога фотографите го молеа да зачекори нанапред за да направат подобри фотографии, тој стоеше на своето место.

И додека убавата 29-годишна девојка сигурно не е жена која ја интересираат само парите, со оглед на фактот дека и самата е многу богата наследничка и потекнува од милијардерско семејство, самиот Анант не изгледал секогаш вака. Имено, парот поминал низ многу предизвици во нивната врска. Таа беше и остана покрај него и покрај бројните предизвици и промени во неговиот изглед и неговите промени во здравјето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anant Ambani (@ananthambani)

Младиот Индиец долго време се бори со вишокот килограми, а неговата мајка Нита Амбани во 2017 година на медиумите им открила дека Анант се борел со тешка форма на астма која го принудила да зема големи количини на инхалирани стероиди, што резултирало со вишок на телесна тежина. Во еден момент тежел дури 208 килограми!

Од друга страна, тој е многу успешен бизнисмен и високо образован – дипломирал на американскиот универзитет Браун, а образованието го завршил на Меѓународното училиште во Мумбаи. Директор е во енергетска компанија основана од неговиот дедо и посветен на правата на загрозените животни и борбата за нивно лекување и грижа и креатор на програма која се занимава со нивно спасување; досега спасил над 2.000 животни! Неговиот татко Мукеш Амбани поседува богатство проценето на околу 117 милијарди долари и не само што е најбогат човек во Индија, туку и најбогат е во Азија, пренесува српски Блиц.

 

 

Слични објави

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо
Се вчитува....