18:04 - 5 декември, 2025

Тарантино својот последен филм ѝ го посвети на жена и објасни зошто не сака да снима еротски сцени

Сексот не е дел од мојата визија за кинематографијата. А вистината е дека во реалниот живот е тешко да се снимаат секс сцени бидејќи сите се толку напнати. Ако беше малку проблематично да се направи тоа порано, сега е уште повеќе, изјави aмериканскиот режисер Квентин Тарантино во интервју за шпанскиот весник Diari ARA, пренесе New York Post.

Тој додаде дека би се одлучил за еротски сцени доколку тие се важни за приказната на филмот, но дека тоа не е потребно.

Тарантино, наводно, работи на својот десетти и последен филм, со работен наслов „Филмскиот критичар“, за кој рече дека се фокусира на жена критичар.

Тој моментно поминува многу време во Тел Авив, бидејќи од 2018 година е во брак со израелската пејачка Даниела Пик, со која има две деца.

Тарантино е познат по својот фетиш за стапалата, а во филмовите често прикажуваше актерки без чорапи во крупен кадар.

„Пред мене, овој фетиш го дефинираше Луис Буњуел, друг филмски режисер. За истото беше обвинет и Хичкок, како и Софија Копола“, рече тој.

Слични објави

Карлеуша повторно во „Гранд“! Вдовицата на Саша Поповиќ ја наговорила на тоа, сите трогнати од зборовите на ЈК

Еспресо

Тони Зен стана татко по вторпат: Раперот даде невообичаено име на ќерката!

Еспресо

Весна Змијанац заврши на Ургентен центар: Ѝ се влошило здравјето, останува на болничко лекување

Еспресо

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо
Се вчитува....