23:08 - 10 јануари, 2026

Тања Савиќ открива кога ќе има свадба: „Сакам едно девојченце“

Со денови се шпекулира за љубовта и бракот на пејачката Тања Савиќ и нејзиниот избраник- пилотот Мухамед Муки Бешиќ.

Популарната пејачка се разведе од Душан Јованчевиќ пред три години. Таа тоа не го соопшти во јавноста. За време на периодот на коронакризата, таа доживеала големи страдања кога се борела за старателство над своите синови и кога Душан ги однел во Австралија без нејзино знаење. Сега, Тања е во врска со единаесет години помладиот пилот Мухамед, Муки Бешиќ, кого нејзините синови го прифатија.

Тања истакна дека нејзините синови го сакаат Муки и дека им служи за пример.

„Муки ги размази, со мерка. Тој е токму таков – вистински пример за нив, како треба да се однесува татко кон своите деца. Тој има автортет кон нив, момчињата се на возраст на 12 и 13 години. Јас сум грижлива мајка, секогаш таква сум била“ – вели Тања и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

„Моите синови го викаат Муки, тие имаат свој татко. Тој е нивен пријател, се трудиме да им го разубавиме животот“, рече пејачката за српски „Блиц“.

Таа откри и кога ќе биде свадбата и дали сака повторно да стане мајка:

– Кога ќе ми пројде албумотот, па Арена, тогаш ќе има свадба. Бидејќи немам сопствена куќа, немам свој двор, планирам да го направам тоа, кога се ќе средам, кога ќе наполнам 40+, тогаш ќе планирам и свадба. Само здравјето да служи. Би сакала едно мало девојче, навистина би го сакала тоа – истакна Тања.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....