20.8 C
Скопје
13:03 - 21 октомври, 2026

„Таа се чувствуваше толку ужасно додека ја играше Миранда“ – Мерил Стрип проговори за својата улога во „Ѓаволот носи Прада“

Во легендарниот филм „Ѓаволот носи Прада“, Мерил Стрип се трансформира во Миранда Пристли, лик инспириран од уредничката на „Вог“, Ана Винтур.

Но, таа трансформација барала одредена жртва, што беше потврдено во неодамнешното интервју за Variety од нејзината колешка Емили Блант.

„Таа е неверојатна и беше малку застрашувачка во тој филм“, призна Блант, додавајќи:

„Таа рече дека тоа било еден од нејзините први обиди за методско глумење, но се чувствуваше толку ужасно додека ја играше Миранда“.

За време на снимањето, Стрип се изолирала од остатокот од актерската екипа за да остане во улогата, но ѝ било тешко бидејќи природно е многу друштвена личност, пренесува IndieWire.

„Бев несреќна во мојата приколка на сетот. Можев да го слушнам остатокот од актерската екипа како се забавува и се смее. Се чувствував толку депресивно. Но си реков:

„Тоа е цената која мора да ја платиш за да бидеш шефица!’“, откри Стрип.

„Тоа беше последен пат да се пробам во методско глумење“, додаде таа.

Блант рекла и дека Стрип инаку е многу забавна и топла личност, поради што сигурно не ѝ било лесно да се однесува толку недостапно на сетот.

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....