12:05 - 3 април, 2026

Светски ден на чоколадото – 7 јули: Уживајте во него, здраво е за срцето и имунитетот, а во ОВИЕ лаги не верувајте!

На сите им се допаѓа и е добро за телото. За да го прославиме Светскиот ден на чоколадото, ајде да се потсетиме какви се лаги не сме чуле за него. Сакајте го чоколадото, уживајте во него, и не заборавајте – добро е за срцето, цревата и имунолошката одбрана!

Чоколадото е храна која многумина, пар екселанс, ја поврзуваат со среќата. Сепак, често се смета дека треба да се елиминира за да се има здрав начин на живот и исхрана. Напротив, особено темната чоколада има долга листа на придобивки за нашето тело.

Ова се петте најчести заблуди за најпопуларната намирница во светот кои ќе ви докажат дека чоколадото не е штетно.

Чоколадото го зголемува „лошиот“ холестерол (ЛДЛ)

Ако досега сте се откажале од чоколадо со намера да го намалите ЛДЛ холестеролот, залудно се жртвувавте. Вистина е дека чоколадото содржи путер од какао, кој е полн со заситени масти, а повеќето од овие масти доаѓаат од стеаринската киселина, поради што чоколадото генерално не го зголемува нивото на ЛДЛ, згора на тоа, кај некои луѓе дури и го намалува.

Дијабетичарите не треба да јадат чоколадо

Изненадување! Чоколадото всушност има низок гликемиски индекс, што значи дека дијабетичарите не мора да го избегнуваат во исхраната. Некои студии дури покажаа дека црното чоколадо го зголемува дејството на инсулин кај луѓе со нормален и висок крвен притисок. Се разбира, сепак се препорачува да се консултирате со лекар пред да воведете чоколадо во исхраната за дијабетичари.

Чоколадото нема хранлива вредност

И покрај раширеното верување, чоколадото има статус на „суперхрана“. Типично темно чоколадо има иста количина на антиоксиданти како три четвртини чаша зелен чај, една чаша црвено вино или две третини чаша боровинки. Покрај тоа, содржи висок процент на минерали и растителни влакна.

Поради чоколадо, се појавуваат акни

Многу тинејџери, но и постари, акните на лицето ги припишуваат на чоколадото, но дури и во овој случај, студиите ги побиваат овие тези. Во основа, научното објаснување е дека „диетата нема никаква врска со лекување на акни кај повеќето пациенти“.

За да биде здраво, чоколадото мора да има најмалку 70% какао

Препорака на повеќето лекари е да консумираат чоколадо со најмалку 70% какао. Колку е поголем процентот на какао, толку повеќе содржи антиоксиданси. Но, дури и кај луѓе кои конзумирале чоколадо со помал процент какао, биле забележани значителни промени во систолниот и дијастолниот крвен притисок.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....