5.8 C
Скопје
02:24 - 1 април, 2026

„Свадбата не ми е поважна од бебе“: Рада Манојловиќ си ја отвори душата за потомството

Пејачката Рада Манојловиќ повеќе не крие дека е среќно заљубена, а откако зборуваше за свадба, проговори и за своето потомство.

Иако го крие партнерот како змијата нозете, Рада ужива во љубовта со маж кој не е дел од естрадата, што ја прави Манојловиќ многу среќна.

– Вистина е дека го кријам дечкото. Тој е многу згоден, би сакала да го покажам на јавноста, но тој не е јавна личност и не е расположен да биде фотографиран и сниман. Заедно сме повеќе од две и пол години, тоа е сериозен период, особено за некој што се занимава со овој бизнис. Тој ме запозна во сите фази и навистина ми се допаѓа што не е дел од шоуто – изјави Рада за Хајп ТВ.

Пејачката вели дека нејзиниот избраник ќе мора да се навикне на медиумите кога ќе се венчаат. Рада неодамна откри дека би сакала голема свадба што ќе започне од нејзиниот роден крај, но признава дека нејзиното потомство ѝ е поважно.

– Би ја сакала таа свадба. Некако на овие години… 40 години е време кога свадбата не ти е поважна од бебе. За нас, тој биолошки часовник неизбежно отчукува. Ајде да завршиме со она што е до нас. Би сакала да бидам како Бијонсе, барем еден ден да се појавам со стомаче, ми се допаѓа тој изглед, но не знам како би можела да го сокријам. Штом ги откажам сите настапи за неколку месеци, сè ќе  им биде јасно на сите – искрено одговори Манојловиќ.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....