02:09 - 11 април, 2026

Сузана Турунџиева искрено за бракот по смртта на сопругот

Сузана Турунџиева искрено зборуваше на темата нов брак и за тоа дали е осамена откако пред девет години почина нејзиниот сопруг Марјан Јовановиќ.

– По смртта на мојот сопруг, се посветив на нешто друго и не сметам дека по секоја цена морам да имам партнер. Ние сами доаѓаме на овој свет и никој не ни гарантира дека во пар ќе заминеме – рекла познатата водителка и пејачка во емисијата „Нешто конретно“ со Снеже Велков.

– Јас се радувам на успешни брачни примери, има такви многу, меѓутоа, имам многу примери во кои многу луѓе се осамени иако се во брак. Секоја чест на оние кои успеваат да синхронизираат, да се носат во таа брачна заедница.

Фото / Фејсбук

Не сум од тие кои не веруваат во брак. Апсолутно, јас сум била во брак, меѓутоа, еве, животот такво сценарио за мене имал. Сега имам толку многу преокупација, толку многу луѓе околу мене, имам големо семејство на 150 жени „Фриди“ кои ме прават среќна и непрекинато се надополнувме, така што не ни размислувам – открила Турунџиева, мислејќи на жените од хорот „Фрида“ кој го основаше.

Турунџиева е мајка на Лора од бракот со Александар Маленко и горда баба на нејзиниот син Јаков кој има 7 години. Од бракот со Марјан Јовановиќ ја има ќерката Матеа.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....