10:40 - 13 ноември, 2026

Сузана Манчиќ за страшното насилство кое го доживеа: „Не знам како тој човек го најде мојот број да ми прети дека главата ми е во торба“

Познатите жени многу често се мета на разни критики, осуди, но и психичко малтретирање преку социјалните мрежи. Во таква ситуација се најде популарната водителка Сузана Манчиќ, која за прв пат отворено проговори за трауматичното искуство.

Имено, поранешната Лото-девојка била прогонувана од непознат маж преку телефон, испраќајќи ѝ вознемирувачки и заканувачки пораки кои со текот на времето станувале се поопасни. И не само тоа, за да биде работата уште поморничава, вакви пораки почнаа да пристигнуваат и до нејзините ќерки.

– Не знам како тој човек успеа да го најде мојот телефонски број. Тој бараше да се види со мене, а како што сфатив со кого имам работа, не одговарав ниту на пораките ниту на повиците. Меѓутоа, пораките секој час стануваа се поопасни. Тој напиша дека знае каде живеам, каде се движам, дека главата ми е во торба, дека никаде не сум безбедна. Страшно беше, се плашев, пред се за безбедноста на децата, бидејќи се чинеше дека оваа личност е подготвена да ги изврши заканите. Работата да биде уште полоша, некој ми го запали автомобилот пред мојата куќа, па прогонот беше само последната капка. Потоа се обратив во полиција – рече Сузана.

– После тоа својата агресија и бес ја насочи кон мојата колешка и пријателка Драгана Катиќ, што е страшно. Страшно е кога некој ќе ве доведе во ситуација да живеете во страв. Постојано сте во грч – објаснила таа, а пренесуват „експрес“ и „глорија“.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....