Иако речиси се јавноста знае за Мадона, не се знае доволно каде се и со што се занимаваат нејзните седум браќа/сестри. Веста за смртта на братот на Мадона, Ентони Чиконе, кој починал вчера молскавично го обиколи светот, и одеднаш стана познато дека човекот бил бездомник, дека спиел под мост и дека се борел подолг период со зависности.
View this post on Instagram
Но кој всушност бил Ентони и што мислел за својата сестра – ѕвезда? Десеттина години пред смртта престанал да се огласува во медиумите и да бара помош од сестра си. До 2011 година работел во семејната винарија „Чиконе Винјард“ со која управувал неговиот татко. Кога разговарал со новинар пред 11 години веќе бил на улица, поточно под мостовите на улицата Унион во Траверс Сити во Мичиген. Собирал лименки и шишиња за да преживее, а за новинарот на еден локален весник, тогаш 55 годишниот Ентони, ја раскажал својата приказна, тврдејќи: „Тоа може да му се случи секому“.
„Моето семејство ми го сврте грбот кога поминав низ лош период – објаснил Ентони – и сега спијам на улица. Немам работа со години, собирам шишиња за егзистенција и лименки и ги предавам на рециклирање“.
Неодредени факти од животот го навеле да живее на улица.
View this post on Instagram
„Да се биде на отворено, тоа ве уништува – тогаш раскажал Ентони – ве уништува и психички и физички. Еден мој пријател ги загуби сите десет прсти на нозете и видов како луѓе умираат од хипотермија“.
Ова не е прв случај на близок роднина на ѕвезда да заврши на улица. Слична судбина ја снајде и Алисон Кери, сестрата на Мараја, таа беше ХИВ позитивна и поранешна зависничка, принудена на проституција за да преживее.
„Мислите ли дека не сум одговорил на ова прашање милијарди пати – заклучил Ентони –Зошто сестра ми е мултимилијардер, а јас живеам на улица? Никогаш не кажувај никогаш, тоа може да се случи секому“.
View this post on Instagram
Мадона не реагираше на ова интервју на нејзиниот брат. Но сепак, ова не е првата семејна приказна која фрли лошо светло на славата на Мадона. Во 2008 година, геј братот на кралицата на попот, Кристофер, кој долги години работеше како менаџер на гардеробата на сестра си, а во 2003 година доби отказ, објави гневна книга со наслов „Животот со мојата сестра Мадона“ во која ја обвини дека е еден вид тиранин и дека само ја искористувала геј заедницата за да стигне до успехот.
„Гај [Ричи, тогашниот сопруг на Мадона] е хомофобичен, сè уште се сеќавам на денот на венчавката, тој многу се забавуваше да раскажува шеги за хомосексуалци – рече своевремено Кристофер. Затоа сестра ми ме отфрли не само мене, туку и сите хомосексуални пријателства, заборавајќи дека на почетокот токму геј заедницата ја направи ѕвезда“.
Ѕвездата сепак, беше дарежлива кон еден друг свој брат, Мартин. Подарокот на Мадона за Мартин заврши на насловните страници. Всушност, поп-ѕвездата ја платила сметката на стоматологот за нови импланти за забите на Мартин. И Мартин своевремено имал проблеми со алкохолот, а имал и серија на судски процеси, но тој успеал да ги надмине проблемите и зависноста: „Ние сме во добри односи, таа плати за имплантација на нови заби“, објасни Мартин за Дејли Меил.
Ентони пак, ја немал таа среќа. Тој се жалеше дека неговата позната сестра не се грижи за него, потенцираше дека на милионерката не ѝ гајле дали е тој жив или мртов, иако семејната пријателка, Кети Метејер, тврдеше дека и Мадона и нејзиниот татко ги платиле таксите на клиниките каде што Ентони бил хоспитализиран неколку пати.