10:32 - 29 јануари, 2026

Студена војна: Што се случува помеѓу свекрвата Викторија Бекам и снаата Никол Бекам?

Иако минатото лето многу се „сакаа“, по венчавката на Бруклин Бекам и Никола Бекам во април, сега веќе тие доста ја заладија својата онлајн врска.

Иако однесувањето на социјалните мрежи не мора да значи вистинска состојба на работите, во повеќето случаи тоа е и тоа како важно. Додека сите ние со задоволство гледавме се што Викторија Бекам и нејзиното семејство објавија на социјалните мрежи за време на престојот во Хрватска, нејзината снаа не беше баш воодушевена, всушност беше целосно рамнодушна, пишува Глорија.

Вака светските медиуми ја анализираат меѓусебната врска на Инстаграм помеѓу Викторија и нејзината снаа Никол Пелц. Секако, никој не очекува на невестата да и се допадне секоја објава на нејзината свекрва, но некои пропусти се многу значајни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Сè започна за време на тридневната свадбена прослава, кога Никол реши да не носи ниту една облека дизајнирана од нејзината идна свекрва.

Така од април, кога се одржа венчавката, вниманието на медиумите е насочено кон односот на Никол и Викторија. Сега светот на модата е веќе во состојба на возбуда поради она што изгледа како „студена војна“ на социјалните мрежи.

Експертите на Инстаграм истакнуваат дека откако се омажила, на Никол многу ретко ѝ се допаѓа нешто што го објавуваат Викторија и Дејвид Бекам, а на познатата двојка, родителите на нејзиниот сопруг, исто така речиси никогаш не им се допаѓа тоа што го објавува таа.

На пример, ниту Дејвид ниту Викторија не реагираа на објавувањето на насловните страници на списанието „Татлер“ од страна на Никол, каде што таа беше претставена како „новата г-ѓа Бекам“. И ја игнорираа сликата на Никол од нејзината мајка Клаудија, покрај која напиша „Семејството е се за мене“. Во таа серија фотографии, заедно со другите членови на нејзиното семејство, Никол вклучила и фотографии од Бруклин, но на сликите немало ниту еден „лајк“ од Викторија и Дејвид Бекам, пишува Глорија.

 

Слични објави

„За првпат сум целосно трезен“: Дарко Лазиќ го промени својот живот од корен

Еспресо

Скандал во Монако: Мелина Џиновиќ направила хаос во луксузен бутик поради чанта

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 јануари: Не брзајте со одлуките

apostolova

Прво огласување на Николија и Реља по шпекулациите за неверството на пејачот: Познатиот пар никогаш не бил поискрен за својот однос!

Еспресо

Бресквица откри зошто нема потреба од обезбедување: „Тие ме научија како да се однесувам“

E.A.

(Видео) Зошто Данијела Димитровска носела марама на главата во текот на целата венчавка? 

Еспресо
Се вчитува....