5.8 C
Скопје
18:35 - 27 март, 2026

Стоја Новаковиќ се повлекува од сцената: Донела одлука да стави крај на настапите и ги изненади сите

Фолк-пејачката Стоја Новаковиќ ја изненади јавноста со најавата дека планира да се повлече од естрадата и да престане со настапи.

Веста ја соопшти непосредно пред настап во Белград, кога во разговор со новинарите откри дека чувствува оти дошло време, на некој начин, да ја заокружи својата кариера.

Таа најпрво се осврна на актуелните случувања на музичката сцена, а потоа ги откри и своите планови.

– Едвај чекам малку да се оддалечам од естрадата и наскоро планирам да престанам со настапи. Ќе има нови песни објавени на Јутјуб, но концерти и гостувања – тешко – изјави Стоја.

Пејачката нагласи дека не станува збор за замор, туку за желба да им се даде простор на помладите изведувачи.

– Не сум уморна, туку мислам дека треба да им се даде шанса на младите да се истакнат, да заработат и да се дружат со публиката. Јас сум се изнаработила доволно и сакам повеќе да уживам. Популарноста никогаш не ми била главен мотив – порача таа, додавајќи дека не планира ниту големи концерти.

– Ја сакам мојата публика, но не планирам концерт. Можеби сум исклучок, но тоа не ме привлекува. Никогаш не сум се туркала да бидам во прв план, секогаш сум била скромна и горда на своите години – истакна пејачката.

 

Слични објави

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо

(Видео) Најпознатата српска инфлуенсерка проба хот-дог од 100 евра – злато, кавијар и оцена 10 од 10!

Еспресо

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо
Се вчитува....