4.8 C
Скопје
18:11 - 18 декември, 2024

СТИНГ: Сакам луѓето да доаѓаат вакцинирани на моите концерти

стинг

Британскиот пејач Стинг се врати со нов албум полн со надеж, иако признава дека многу се грижи за ситуацијата во светот.

„Мислам дека во моментов сме во многу опасна политичка клима бидејќи членовите на работничката класа мислат дека елитата ги напуштила. Тоа ги направи ранливи на демагози, десничарски глупости, лажговци и продавачи на магла“, изјави Стинг за „AFP“.

Либералниот начин на живот на познатата рок-ѕвезда со благ карактер е „на удар“ во последниве години – особено во Велика Британија.

„За мене Брегзит е трагедија. Тажен сум за мојата земја. Знаевме дека тоа ќе биде катастрофа и моравме да го прифатиме, но не сум среќен поради тоа. На младите Британци им е украдена можноста да ја искусат Европа. Тоа е лудост“, рече тој.

Збунет е и од скептицизмот кон вакцинирањето, што го доведува во конфликт со некои други рокери како Ван Морисон и Ерик Клептон кои не сакаат вакцинацијата да биде услов за доаѓање на нивните концерти.

стинг
Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD

Стинг вели дека „не е јасна аргументацијата против тоа“

„Не се двоумев кога требаше да се вакцинирам. Доволно сум возрасен да се сетам на децата со детска парализа во моето соседство, а таа болест беше искоренета само со вакцина. Не сакам да ги терам, но би сакал луѓето да доаѓаат вакцинирани на моите концерти. Тоа е моја желба“, вели Стинг.

Другата страна

Неговиот нов албум „The Bridge“ излегува во петок и зборува за тоа како да се излезе од оваа ситуација.

„Сите луѓе за кои пишувам се во транзиција помеѓу односите, животот и смртта, здравјето и болеста. Сите ние го бараме тој мост за да се преселиме на некое поразлично и поудобно место. Како ќе стигнеме до од другата страна?“, вели пејачот.

Со 15 соло албуми, 17 Греми награди и загарантирано место во рок пантеонот како основач на легендарниот бенд „The ​​Police“, Стинг повеќе нема што да докажува, но траумите од минатото сè уште одекнуваат. Новата песна „Loving You“ изгледа како потсетник на измамата на неговата мајка што го поттикнала да се отуѓи од своите родители (во неговата автобиографија „Broken Music“, тој призна дека не отишол на погребот на неговите родители).

стинг
Фото: EPA-EFE/JACEK BEDNARCZYK

Но, тоа не го спречило да тргне по истите стапки – тој имаше децениска врска со сегашната сопруга пред да се разведе од првата. Сето ова го инспирирало да почне да пишува песни.

„Отсекогаш избегнував да пишувам љубовни песни кои велат „Те сакам и ти ме сакаш“. Тоа е затворен круг. Подобро е приказната да оди „Те сакам, но ти сакаш некој друг“ – тоа е поинтересно сценарио за еден писател. На моја возраст, човекот доживува цела низа емоции, од најголема радост до апсолутна тага. Затоа, кога пишувам за љубовта, се чувствувам дека можам да бидам автентичен“, рече тој.

Стинг има шест деца од два брака и повеќето од нив ги следат неговите уметнички стапки. Две од неговите деца се актери, други две се музичари, а едно е режисер. Но, најмладиот син сака да биде полицаец, што нема никаква врска со името на бендот на познатиот татко.

стинг
Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Повторно на патот

„The Bridge“ е снимен за време на карантините во Европа, со музичари на различни локации и Стинг во неговата англиска вила. Тој не мисли дека тоа било многу необично.

„Не е толку многу новост да се снима од далечина. Често тапанарот може да биде во Лос Анџелес, јас можам да бидам во Париз и некој друг во Италија. Одамна имаме технологија за тоа. Поентата е да таквата снимка да се претвори во интимна ситуација, за да добиеме топол однос кој потоа луѓето ќе го слушаат“, вели тој.

Сега Стинг се враќа таму каде што застанал, обидувајќи се да ги надомести сите настапи што ги откажал поради пандемијата.

„Морам да ги исполнам сите мои обврски. Можеби ќе ми требаат 18 месеци да го направам тоа, но тоа е мојот живот. На пат сум од 1976 година“, вели тој.

Слични објави

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....