9.8 C
Скопје
14:50 - 22 февруари, 2025

Старлетата Сораја итно оперирана по страшна сообраќајна несреќа, во тешка состојба е: Лекарите се борат да ѝ го спасат животот!

Сораја Вучелиќ имала внатрешно крварење по сообраќајна несреќа во Албанија.

Старлетата во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба, дознава Информер.

Вучелиќ наводно имала скршеници на ребрата и внатрешно крварење, а моментно се бори за живот.

Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

-Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција – раскажува за Информер извор близок на старлетата и објаснува што всушност се случило во кобната сабота.

– Сораја со пријателка замина од Космет за Албанија. Таа управувала џип „мерцедес“ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градите удрила во воланот при што ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи.

Според изворот, сцената на сообраќајката била морничава!

– Автомобилот е целосно уништен! Пожарникарите морале да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашла во несвест. Ја приклучиле на апарат и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Но, вчера наеднаш се појави ново крварење и мора да оди на нова интервенција – вели изворот.

 

Слични објави

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо
Се вчитува....