06:05 - 7 ноември, 2026

Српскиот „Дон Жуан“ на 46 години се ожени во тајност и доби дете

Српскиот актер Вук Костиќ (46) се ожени во тајност пред неколку месеци и доби дете. Како што наведуваат српските медиуми, неговата сопруга не е дел од јавниот свет.

Вук Костиќ, кој важеше за најпосакуван ерген, како што пишува српски „Курир“, добил ќерка и се оженил со девојка која не е од светот на театарот и глумата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vuk kostic (@vukkosticbadza)


Актерот ја криел оваа радосна вест од јавноста, наводно споделувајќи ја исклучиво со своите најблиски пријатели и колеги од Народниот театар во Белград.

Вук Костиќ никогаш не сакал премногу го експонира својот приватен живот, но секогаш нагласувал колку му е важно семејството и дека сонува да стане татко.

– Среќата е во малите работи, не е среќен оној што многу има, туку оној на кого му треба малку. Убаво би било да добијам дете, тоа е единственото нешто што ми е важно. Се остварив како актер, не страдам од тоа да бидам поуспешен. Ги сакам работите што ги имам и негувам, здравјето ми е важно, и недостасува уште остварувањето на улогата на родител – истакнал Вук претходно за медиумите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vuk kostic (@vukkosticbadza)


Актерот често нагласуваше дека хармоничните бракови на неговите родители и кумови му биле неговиот најголем пример.

– Бракот е света тајна, кога сте едно. Луѓето се угледуваат на односите во семејството, се угледуваат на своите родители. Татко ми ја држеше мајка ми како мала вода на дланка, и јас би сакал истото – рекол Костиќ, но признал и дека чувствува голема одговорност.

„Знам дека би сакал да бидам татко каков што беше тој. Можеби дури и се плашам дека нема да можам да бидам толку добар татко како што беше тој – искрено рекол актерот.

Инаку, Вук Костиќ беше во врска со Јелисавета Орашанин, која е во центарот на вниманието на јавноста поради разводот и врската со Павло Менсур.

Српскиот актер Вук Костиќ на сцената е од дете кога играл во ТВ филмови и претстави, а во приватниот живот често бил поврзуван со убави жени, па затоа и го нарекуваат српски „Дон Жуан“.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....