08:19 - 11 април, 2026

Српска инфлуенсерка се огласи од Дубаи: „Аеродромите се затворени, ракетите ни летаат над главите“

Српската инфлуенсерка и теквондо спортистка Сара Дамњановиќ, позната на социјалните мрежи како Сара ТКД, се огласи од Дубаи по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, откако следуваше ирански противнапад по заеднички американско-израелски удар.

Во видео што подоцна беше избришано од социјалните мрежи, таа изјави дека истрчала од зградата во која престојува, мислејќи дека слушнала експлозија.

„Луѓе, пред три минути истрчав од зградата затоа што слушнав бомба. Целата зграда се тресеше. Се чувствуваше притисок во воздухот, вратите се нишаа, сè вибрираше“, раскажа таа.

Според неа, во моментот снимале содржина, но веднаш ја прекинале и излегле надвор.

„Едно момче од нашата зграда е од Израел. Тој ја фотографираше бомбата. Навистина не знам што да кажам“, додаде инфлуенсерката.

Дамњановиќ изјави и дека во моментов не гледа можност да се врати во Србија.

„Аеродромите се затворени, па претпоставувам дека сме заробени. Тоа момче ни рече да се смириме, дека сè ќе биде во ред. Но не можам да не се грижам. Ако слушнам автомобил со посилен мотор, веднаш се преплашувам“, рече таа.

Подоцна објави дека видеото ѝ било отстрането, додавајќи: „Имам и други снимки, но не сакам ништо да објавувам. Веднаш ги бришат. Ракети ни летаат над главите“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Сара Дамњановиќ е една од попознатите српски инфлуенсерки, а воедно и спортистка со црн појас во теквондо. На Инстаграм ја следат околу 820 илјади луѓе, а на ТикТок повеќе од 330 илјади, иако претходниот профил со над два милиони следбеници ѝ бил изгасен.

Меѓу нејзините спортски успеси се издвојуваат медал од Европското првенство за сениори во 2015 година и двојна титула балканска шампионка. Во 2019 година победи на изборот за Мис Азија Глобал, а во 2023 ја претставуваше Србија на изборот за Мис Интерконтинентал.

Во 2020 година нејзиното гостување во Младеновац предизвика голем метеж, откако голем број деца се собраа на градскиот плоштад за да ја видат. Настанот беше критикуван поради организацијата во услови на пандемија и финансирањето од локалниот буџет, што предизвика реакции кај дел од родителите и наставниците.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....