-0.2 C
Скопје
18:36 - 22 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Виртуелна колоноскопија наспроти класична колоноскопија; Како да одлучите кој е вистинскиот избор за вас?

Колоноскопијата како метода служи за откривање можни канцерогени промени на дебелото црево и ректумот. Но, за каква колоноскопија да се одлучите – за виртуелна или за класична?

Класична колоноскопија: се препорачува да биде направена на секои 10 години.

За време на класичната колоноскопија, лекарот користи флексибилна цевка преку која вметнува мала камера во дебелото црево преку ректумот. Со помош на камерата се проверува внатрешноста на целото дебело црево, се бараат полипи или други проблеми. Полипите се мали израстоци на ѕидот на дебелото црево. Ако не се лекуваат, тие можат да станат поголеми и да се развијат во рак со текот на времето.

Позитивни страни: Отстранување на израстоците: Лекарот може да ги отстрани полипите за време на самата колоноскопија со цел дополнително испитување. Отстранувањето на полипите е најдобриот начин за спречување колоректален карцином. Минимална непријатност: Непријатноста е мала бидејќи лекарот може да даде лекови [to ќе помогнат да останете опуштени и да ви биде удобно за време на испитувањето.

Негативни страни: Компликации – Не е вообичаено, но вметнувањето на камерата може да предизвика крвавење и кинење на дебелото црево.

Виртуелна колоноскопија: се препорачува да биде направена на секои 5 години

Виртуелната колоноскопија е специјален рендгенски преглед на дебелото црево со помош на компјутеризирана томографија (КТ) со мала доза зрачење. Тоа е помалку инвазивна процедура од конвенционалната колоноскопија. Радиолог ги прегледува сликите од виртуелната колоноскопија за да бара полипи на внатрешната страна на дебелото црево, кои понекогаш може да се претворат во рак на дебелото црево. Постапката за виртуелна колоноскопија може да биде корисна за пациенти што земаат лекови за разредување на крвта или кои можеби не се кандидати за конвенционална колоноскопија. Виртуелната колоноскопија трае само 10 до 15 минути и не бара употреба на анестезија. За време на виртуелна колоноскопија, вашиот лекар прави КТ-скен на абдоменот и на карлицата со цел да добие 3Д слики. Овие слики покажуваат полипи и други абнормалности во дебелото црево и во ректумот.

Позитивни страни: Помала инвазивност. Лекарот ќе вметне цевка во вашиот ректум и во дебелото црево. Но, таа ќе биде пократка од онаа што се користи за класична колоноскопија. Помалку компликации: Нема да треба да се грижите за крвавење или кинење на дебелото црево.

Посеопфатно испитување: Лекарот има можност да ја види областа и надвор од дебелото црево. Ова овозможува да се забележат други проблеми во пределот на карлицата.

Негативни страни: Можно повторување. Покрај направената виртуелна колоноскопија, можеби ќе биде потребно да се направи и класична. Доколку лекарот види полип или нешто друго невообичаено за време на вашата виртуелна колоноскопија, ќе треба да направите класична колоноскопија, при која би се отстранил полипот или би се извршила биопсија. Изложеност на зрачење: Виртуелната колоноскопија ве изложува на мала доза зрачење. Дозата на зрачење е поголема од обичен рендген на граден кош, но многу помалку од обичен КТ-скен.

Ниту еден тест не е совршен

Ако сте повеќе наклонети кон виртуелна колоноскопија поради избегнување на подготовката за чистење на дебелото црево, размислете повторно. И двата теста бараат чисто дебело црево. Тоа значи дека ќе треба да консумирате бистри течности еден ден пред тестот и ќе мора да земате задолжително лаксатив. Ниту едно скрининг испитување не е 100 отсто точно. Вашиот доктор можеби нема да го најде секој полип за време на вашиот преглед. Ова особено се однесува за полипи што потешко се забележуваат, како мали или рамни полипи. Но, сепак статистиката покажува дека двата прегледа се добри како опции за проверка и спречување колоректален карцином. Трошоците и покриеноста од приватно осигурување за скрининг методите варираат. Пред да закажете кое било од нив, прашајте ја вашата осигурителна компанија дали трошокот е покриен. Ако сте изложени на зголемен ризик за колоректален карцином, разговарајте со вашиот лекар за да видите кога треба да бидете прегледани. Без разлика што ќе одберете, не го одложувајте овој тест поради страв од непријатност. Виртуелната или класичната колоноскопија може да спаси живот доколку ги следите препораките од лекарот.

Стручниот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

(Комерцијален текст)

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....