2.8 C
Скопје
18:54 - 28 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Шизофренија

Шизофренијата е заболување што опфаќа околу 1% од светската популација и е едно од десетте водечки причини за попреченост. Раниот третман може да помогне да се стават симптомите под контрола пред да се развијат сериозни компликации и може да помогне да се подобри долгорочниот исход.

Пред да појасниме како се манифестира, би го поедноставиле терминот шизофренија. Тој е кованица од два збора – Shizos (поделен на многу делови) и Phrenos (душа/ум) што на народен јазик го означува расцепот, поделеноста на душата. Оттука и стручно, велиме дека шизофренијата претставува сериозно ментално нарушување, во кое личноста не секогаш може да ги разликува сопствените мисли и идеи од реалноста, а различно се однесува во зависност од околината. Затоа оваа состојба може да биде вознемирувачка како за лицата што страдаат од нарушувањето, така и за нивните семејства и пријатели.

Лекарите често ја опишуваат шизофренијата како еден вид психоза. Ова значи дека се соочуваат со промени во психичките функции, и тоа: размислување, однесување, емоции, доживувања, односно се случува:

Нереално размислување, каде што лицата имаат силни верувањеа/убедувања, кои се невистинити и спротивни на реалноста. Такви примери се: доживувања дека добиваат специјални пораки/сигнали преку телевизија, интернет, кои бараат нивен сериозен ангажман/пристап; чувство на лична загрозеност, сомничавост и чувство дека некој се обидува да им наштети; убедувања дека туѓите гестови или коментари се однесуваат кон нив; убедувања дека се способни да предвидуваат настани; дека се битна или значајна личност и слично.

Неповрзан говор: се префрлуваат од тема на тема; почнуваат мисла што не се во можност да ја продолжат; прават кованица на зборови што сами по себе немаат значење.

Халуцинации, односно примање одредени слушни, видни или допирни сензации, кои во реалноста не постојат. Халуцинациите најчесто се од слушен тип, предизвикуваат силно вознемирување на личноста и може да го управуваат нивното однесување.

Слушните халуцинации се одредени шумови, гласови, кои може да се со пријатна или со непријатна содржина, реално неприсутни; видни халуцинации се гледање лица, настани или животни што се реално отсутни; допирни халуцинации се доживуваат како делови од телото/органи што се мрдаат, се поместуваат, а такво нешто не се случува.

Проблем во однесувањето: вкочанетост (ступор) – кога лицето не остварува движење; заземање одредена неприродна положба на телото; континуирано повторување одредени телесни движења; манифестирање немир и агитација.

Негативни симптоми – кога постои недостаток или намалена способност за нормално функционирање. Проблеми при планирањето и придржувањето кон планираните активности; недостиг на задоволство во секојдневниот живот; постоење ослабена лицева експресија на емоции; повлекување од социјална интеракција и сл.

Когнитивни – се однесуваат на проблеми во вниманието, концентрацијата и меморијата. Овие симптоми може да го отежнат следењето на разговор, учењето нови работи или присетување на задачи, обврски. Согледувањето на нивото на когнитивна способност на една личност е најдобар показател за квалитетот на нивното секојдневно функционирање.

Според многубројните наведени симптоми, може да се заклучи дека тие го отежнуваат учеството на лицата во вообичаените секојдневни активности и тоа од лесен до изразен степен. Оттука, состојбата бара навремен преглед, редовно и доживотно примање на антипсихотични лекарства. Раниот третман може да помогне да се стават симптомите под контрола пред да се развијат сериозни компликации и може да помогне да се подобри долгорочниот исход.

И покрај тежината на клиничката слика, голем дел од лицата што имаат редовен медикаментозен третман и психијатриска контрола на состојбата, завршуваат и високо образование, имаат редовен работен однос и формираат брачна заедница.

За остварување консултација или преглед за вашата психичка состојба, ви стои на располагање, м-р д-р Марија Костадиновска – психијатар во Клиника „Жан Митрев“. Закажете термин на 02 3 091 484.

Комерцијален текст.

Слични објави

Дали знаете кому му е посветена песната на Здравко Чолиќ „Една зима со Кристина“?

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ ја крена маицата, а одоздола…Ќерката на Харис и Мелина се пофали со своето совршено тело

apostolova

(Фото) Милош Биковиќ ужива покрај синот Василије, покажа колку пораснал наследникот

Еспресо

(Фото) Вељко објави фотографија со Богдана, нејзината чанта го украде вниманието: Облечена во чист луксуз

Еспресо

Хороскоп за 28 декември: Вагите ќе добијат пари, Стрелците ќе имаат итен проблем да решат, а вие?

Еспресо

(Фото) Најпознатата „очајна домаќинка“ ја покажа совршената фигура: Ева Лонгорија празниците ги поминува во минијатурно бикини

Еспресо
Се вчитува....