10.8 C
Скопје
17:21 - 20 февруари, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога да го однесете детето на невропсихијатар

Детската неврологија е медицинска специјалност која ги проучува и третира проблемите на нервниот систем во текот на неговиот развој, односно структурата, функциите и развојот на централниот нервен и невромускулниот систем, како во нормални, така и во патолошки состојби.

Развојната фаза на децата започнува за време на интраутериниот живот и завршува со адолесценцијата.
Проблемите со нервниот систем може да бидат во: мозокот, ‘рбетот, нервите или во мускулите, предизвикувајќи различни промени.
Исто така, овие специјалисти невропедијатри се одговорни за надзор, контролирање и дијагностицирање на развојните потешкотии кои децата можат да ги манифестираат, вклучувајќи моторни, когнитивни, сензорни или комуникациски.

Кога да го однесете детето кај невропедијатар?

Невропедијатријата третира многу болести со различен степен на сложеност. Педијатарот на детето е оној кој мора да ја направи првичната проценка и доколку смета дека е потребно ќе го упати детето кај специјалист невропедијатар. Најчестите причини за консултации се:

  • Епилепсија
  • Проблеми со учењето (дефицит на внимание, дислексија итн.)
  • Проблеми со однесувањето (хиперактивност, нарушувања на однесувањето)
  • Главоболка
  • Сомнеж за аутизам
    Овие патологии обично предизвикуваат страв и загриженост кај родителите, така што поставувањето на дијагнозата е клучно за понатамошно правилно насочување, третман и прогноза.

Што се случува при првата посета на невропедијатар?

Како и во секоја друга медицинска специјалност, првата посета е многу важна. Во основа, невропедијатарот ќе се обиде да го запознае детето и да собере што е можно повеќе информации, поради што на родителите на детето ќе им бидат поставени серија прашања од типот:

  • Која е причината за вашата загриженост? Кога забележавте дека се појави и како еволуираше проблемот.
  • Прашања околу бременоста, породувањето и првите денови од животот на детето.
  • Семејна анамнеза.

Со цел детална анализа односно за да се олесни првата посета, препорачливо е доколку постојат да бидат обезбедени релевантни документи доколку ги имате, како што се:

  • Книшка за педијатриско следење
  • Тест извештаи, резултати од испитувања, мислења од други специјалисти итн.
  • Фотографии, видеа релевантни за проблемот
  • Опис или белешки за тоа што ве загрижува

Доколку имате сомнеж во однос на некое однесување кое сте го забележале кај вашето дете, а истото може да биде поврзано со некоја од овие патологии, закажете консултација со невропедијатарот д-р Катерина Василева Димовска на 02 3091 484

Комерцијален текст.

 

Слични објави

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо
Се вчитува....