7.8 C
Скопје
16:50 - 18 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фебрилни конвулзии

Иако со навидум бенигна прогноза, сепак како ќе се манифестираат фебрилните грчеви зависи од тоа дали се едноставни или сложени по својата генеза.

д-р Катерина Василева Димовска, специјалист по педијатрија

Најзачестената група на напади во детската возраст се типот на не-епилептични напади кои се придружени со зголемена телесна температура или со медицински речник означени како фебрилни конвулзии. Согласно Меѓународната Лига за борба против Епилепсија (ILAE) од 1989 година, овие напади се класифицирани како посебна група на епилептичен синдром. Во зависност од нивната клиничка манифестација фебрилните конвулзии се делат на едноставни и сложени конвулзии.

Зошто кај децата се случуваат фебрилните конвулзии?

Тие се појавуваат како одговор на дејството на покачената телесна температура врз незрелите мозочни структури кај детето, врз самиот мозокот кој е во развој и врз неговиот терморегулаторен центар. Хипертермијата доведува до зголемена возбуденост или ексцитација на мозочните клетки, при тоа попречувајќи го механизмот кој би требало да изврши блокада врз акцискиот потенцијал. Ова резултира со наголемување на интерсинаптичката јонска трансмисија. Ваквите промени на клеточно ниво ги регистрираме подоцна како конвулзии. Сепак, ваквите промени не се случуваат кај секое болно дете. Се смета дека причините за настанување на фебрилните конвулзии се полигенски.

Веројатна е мутација на генот за натриумски канали, а постојат и јасни докази за автосомно доминантен облик на наследување кој е врзан со мутации на генот FEB 1 chromosome 8q13, FEB 2 chromosome 19p, FEB 3 на 2q23, i FEB 5 на chromosome 6q22. Децата кои имаат мутации на генот FEB 1, FEB 3 и FEB 4, подоцна во текот на животот ја имаат склоноста да развијат форма на Епилепсија. Единствено генот FEB 5 се смета дека е исклучиво врзан со појавата на фебрилни конвулзии.

Најголем дел од фебрилните конвулзии се случуваат во комбинација со инфекции на респираторниот систем (75%), а во помал процент со инфекции на дигестивниот систем. Како важен факт се наведува афинитетот на одреден тип на вируси кон нервното ткиво, како на пример HHV 6 (Human Herpes Virus 6) предизвикувач на болеста Exanthema Subitum, и вирусот на Influenza A.

Перинатални промени во структурите на мозокот се доведуваат во корелација со фебрилни конвулзии. За родителите е корисно да знаат дека возраста во која постои ризик за појава на фебрилни конвулзии е од навршени 3 месеци до навршување на 5 години. Ризикот постои при секоја покачена температура, а се зголемува таму каде што има податок за грчеви во семејството.

Ризикиот за појава на фебрилни конвулзии се наголемува кај деца со податок за страдање на мозокот во период на интраутерин развој, како и при самото раѓање на детето и непосредно после раѓањето.

Распознавање на симптомот на грчеви или конвулзии кај болно дете

Иако со навидум бенигна прогноза, сепак како ќе се манифестираат фебрилните грчеви зависи од тоа дали се едноставни или сложени по својата генеза. Едноставните фебрилни грчеви родителот ќе ги забележи како тресење на целото тело, телесната температура е повисока од 38,4˚C времетраењето е пократко од 10 минути, а пред и после грчењето на детето свесноста е зачувана и иста како пред нападот. Сложените напади или комплексните форми на фебрилни грчеви ќе дадат манифестација различна од претходната, нападот е подолг од 10 минути, а често се повторува во првите 24 часа.

За родителот е од важност исто така да знае дека кај 8% од децата со фебрилни грчеви, состојбата може да се пролонгира во долготраен напад кој се нарекува Status Epilepticus.

Точната дијагностика на овие состојби бара темелни иследувања како електроенцефалограм (ЕЕГ), компјутерска томографија на глава (КТ), магнетна резонанца на мозокот (МРИ ЦНС). ЕЕГ или Електроенецфалографијата е една од важните методи на испитување во доменот на детската неврологија.

Еволуција на болеста и можен исход

Каква прогноза се очекува кај децата со фебрилни конвулзии ќе зависи од комплексноста на нападите, можната придруженост со одредени вродени аномалии, фамилијарната предиспозиција или генетскиот фактор, возраста на појава на првите фебрилни грчеви. Децата со сложена форма на фебрилни конвулзии во 5-20% подоцна развиваат епилепсија, додека кај едноставните фебрилни напади можноста за развој на епилепсија е сведена на 2%.

Како да се лекуваат и како да се превенираат фебрилните конвулзии?

Нападите на фебрилни конвулзии најчесто имаат тенденција да се самоограничат и да прекинат спонтано. Кога се работи за прв фебрилен напад кој е неочекуван и непредвиден, треба да се има на ум постапката на свртување на детето на страна во легната положба на подлогата. Во рамките на 5-10 минути се очекува самиот напад на грчеви да застане. След тоа може да се посети најблиската здравствена установа за понатамошна интервенција. Во различни земји постојат неколку типови на препораки за превенција на фебрилни конвулзии, но тие дискретно варираат во однос на лековите кои се применуваат.

Искуството покажува дека многу често, и покрај даваната профилакса, нападите се повторуваат. Она што останува за сигурно е дека предвремено и неосновано давање на лекови за конвулзии е некорисно, а понекогаш ја пореметуваат невролошката состојба кај детето и прават забуна во клиничката слика.

Експертскиот лекарски тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стојат на располагање за консултација и третман. Закажете на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....