11:40 - 4 април, 2026

Сораја стана мајка, се роди Кан во Швајцарија, а ќе живее во Русија

Старлетата Сораја Вучелиќ се породила во болница во Швајцарија. Таа родила момче на кого му го дала името Кан, јавуваат српските медиуми.

Породувањето на Сораја поминало без проблеми, а наследникот добил највисоки оценки од лекарите.

Мајката се чувствува одлично, а само мал број на блиски луѓе знаат дека пристигнало нејзиното прво дете.

– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител. Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела, вели извор близок на Вучелиќ.

Иако се породила во Швајцарија, Сораја со семејството ќе живее во Русија.

– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош за бебето и таму ќе биде нивната база. Ги затвори социјалните мрежи и сврте нов лист во животот, заклучува изворот.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....