19.3 C
Скопје
02:04 - 21 јуни, 2026

Сопругот на Весна Ривас се опоравува од мозочен удар, пејачката се откажа од музиката: „Веќе не се проаоѓам таму“

Поранешната пејачка Весна Ривас минува низ мирен, но значаен животен пресврт по тешкиот период во кој нејзиниот сопруг Драган доживеа мозочен удар.

Денес, тој полека се опоравува, а Весна целосно се посвети на тумачење роден код и судбински карти, работа што, како што вели, ѝ носи стабилност, многу патувања и добра заработка. Годинава поминала три месеца на море и вели дека конечно си дозволила да живее без притисок, благодарение на трудот и упорноста што ги вложила во последните години.

„Мојот Драган по ударот не може да патува, но важно е дека ја добивме битката. Се движи, живее, сака да лови риба. Тоа ми е најголемото олеснување,“ раскажува Ривас.

Истовремено, таа одлучила целосно да ја остави музиката зад себе, сметајќи дека таа ера за неа е завршена.

„Не сакам веќе да пеам. Музиката се смени, а јас таму себе не се гледам. Тоа поглавје е затворено,“ вели Весна, но не ја исклучува можноста да покрене авторска емисија.

Секогаш отворена за коментари, таа повторно се осврна и на долгогодишниот конфликт со Јована Јеремиќ, обвинувајќи ја дека лаже за својот просек на факултет.

„Не беше тој просек што го пријавуваше. Имала многу пониски оценки. Но, не е ни важно, влегуваме во нова ера, а бројот девет доминира кај тие што го носат,“ додава Ривас.

Се потсети и на физичкиот судир со Гоца Божиновска, за кој вели дека бил тежок момент за двете. Истакнува дека нејзината реакција била условен рефлекс и дека целиот инцидент ѝ донел многу неправди, но и важни животни лекции.

Ривас искрено зборува и за почетоците со Драган, кога како млади парови без пари почнале да живеат во изнајмен стан и да создаваат сè од нула.

„Спиевме на душек, а јас облеката ја варев во лонец. Сè создадов сама, со свој труд и со поддршка од семејството. Затоа толку остро реагирам на денешните спонзорства и слични појави,“ вели таа.

Денес, Весна живее мирно, горда што го извела својот син на правилен пат и што успеала да ја затвори музичката приказна без жалење.

„Сè што сакав – го добив. Сè што сакав – го испеав. Немам што да поправам во минатото,“ заклучува Ривас, задоволна што по бурните години конечно пронашла мир, нова насока и живот исполнет со труд, љубов и благодарност.

Слични објави

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо
Се вчитува....