20:24 - 3 ноември, 2026

Со умот го освојуваме светот, а душата ни е назад: Марија Главчева за животот на иселениците

Новинарката Марија Главчева, која живее во Чикаго и го создава поткастот „Марија во Америка“, по летниот престој во Македонија повторно се врати во САД. Заминувањето од родната земја го преточи во емотивно видео за чувството да се живее меѓу два света, оној во кој е нејзиниот секојдневен живот и оној во кој останале семејството, пријателите и чувството на припадност.

Главчева летово престојуваше во Македонија, од каде што продолжи да го создава својот поткаст. Сега, по враќањето во Америка, преку неколку кадри од патувањето ги опиша емоциите со кои, како што покажува нејзината објава, се соочува еден иселеник кога повторно треба да замине.

„Тука сум имигрант… Во родната земја сум онаа што замина. Тука ми го грешат името и го изговараат погрешно. Во родниот крај ми велат сум се променила. Времето го проверувам и за ваму и за таму. Секој ден ги слушам најблиските, ама не можам да ги допрам. Родителите ни стареат. Се збогуваме со ‘се гледаме за брзо’, а не знаеме кога ќе биде тоа. Со телото и умот го освојуваме светот, а душата ни е назад“, вели Главчева во видеото.

Како музичка подлога таа ја избра песната „Океани“ на Слаткаристика, а во описот на објавата напиша: „Свири ја и ‘Бисер балкански’ и ‘Заветна’ и ‘Свадба македонска’… свири и не престанувај“.

Токму животот на Македонците кои заминале од земјата е во фокусот и на нејзиниот поткаст „Марија во Америка“, кој Главчева го започна годинава. Во интервју за „Слободен печат“ во февруари таа раскажа дека идејата ја имала неколку години, но чекала период кога семејните обврски ќе ѝ овозможат да му се посвети на проектот. Нејзината цел е да создаде простор во кој ќе се слушнат животните приказни на Македонците во САД и да се прикаже иселеничкиот живот и од страната за која поретко се зборува јавно.

„Сакам да се дознае за иселеничкиот живот за кој никој јавно не зборува“, рече Главчева во интервјуто.

Таа тогаш објасни дека преку гостите во поткастот сака да ги претстави различните патишта на Македонците во Америка, нивните професии, успеси и секојдневие, но и предизвиците што ги носи животот далеку од родната земја. Поткастот е замислен како место за вистински иселенички приказни, а идејата, како што раскажа Главчева, созревала со години пред конечно да ја реализира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Glavcheva (@marija_vo_amerika)

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....