15:05 - 19 февруари, 2026

Со 24 трки во Европа Mакедонецот Христо Ковачи забележа големи успеси

Со извозени 24 трки по тркачките патеки низ Австрија, Италија, Словенија и Србија, Христо Ковачи како најмлад Македонец, оваа година зеде учество во ЦЕЗ (Централна Европа Шампионатот), АМФ (Австрискиот Шампионат) и ССЦ (Спорт Стил Шампионат).

Во Централната европска зона од вкупно 24 натпреварувачи Ковачи е 9-ти, но поради поклопување на датуми, тој учествуваше на шест трки помалку од останатите. Во Австрискиот шампионат се пласираше 6-ти, а освен успехот во Австрија, на Спорт Стил Купот го освои 3-тото место во генерален пласман.

– Оваа тркачка сезона ми беше огромен предизвик како дебитант. Во новата класа на „Мини Макс” бев најмал но направив одлични резултати и успеав да земам неколку подиуми. Особено сум горд на освоеното прво место во Рехнитц, Австрија. Не можам да го опишам чувството кога јас од Македонија со само неколку дена тренинг ќе успеам да ги победам своите конкуренти во нивната матична држава и на стаза која ја тренираат секој викенд, вели талентираниот Ковачи.

Следната година Христо очекува дека ќе помине уште поуспешна сезона и се надева дека ќе биде повеќе време на тренинзи на патеките кои ќе ги вози.

– Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари, Автомобилистичката Федерација и секако Мамас и Агенцијата за Млади и Спорт кој дадоа финансиска поддршка, додаде тој по завршувањето на успешната сезона.

Слични објави

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо
Се вчитува....