11.8 C
Скопје
09:56 - 27 март, 2026

Слоба Васиќ ослабе 50 килограми: Најновата фотка ги изненади фановите

Пејачот Слоба Васиќ направи неверојатна трансформација откако минатото лето донел една од најважните одлуки во својот живот и решил да се посвети на здравјето и изгледот. После подолго размислување, се подложил на операција за намалување на желудникот, а денес гордо вели дека трудот и дисциплината се исплателе.

„Драги мои, чекав малку подолго на овој момент. Но, еве го 50 килограми! Навистина имам причина да бидам среќен. Се чувствувам многу подобро и поздраво, имам повеќе самодоверба во секој поглед“, напиша Слоба на социјалните мрежи.

Од здравствени проблеми до голема промена

Слоба признава дека долг период се соочувал со здравствени проблеми поради прекумерна тежина.

„До вчера јадев толку многу, не можам да ви објаснам. Јадев, јадев, па ми беше лошо. Дојдов до точка кога буквално морав да направам операција на желудникот. Работев во Турција, толку ми беше тешко, самиот себе си станав тежок. Ме болеа коските и нозете од стоење …“

Слоба долго време се борел со вишокот килограми. Некогаш имал и 150 килограми, па поради тоа вовел балон во стомакот, но брзо го отстранил. Сегашната операција се покажала како вистинско решение за него.

Фановите во шок

На најновата фотографија што ја објавил на социјалните мрежи, Слоба е речиси непрепознатлив. Фановите веднаш ја преплавиле објавата со коментари полни восхит, истакнувајќи колку се „стопил“ и колку изгледа поразлично и поздраво.

Слични објави

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо

(Фото) „Многу ми недостасуваш“: Дарко Илиевски со емотивен спомен за мајка му

Еспресо

Дневен хороскоп за 27 март: Бидете искрени, но и тактични

apostolova

(Видео) Пејач ја „зграпчил“ Цеца, ја прегрнал на сцената, а потоа следувало шоуто: Танцувале заводливо, никогаш порано не сте ја виделе вака

Еспресо

Зорица Марковиќ седна на багер – по операцијата на срцето, пејачката сама ја доградува куќата

Е.А.

(Фото) Му беше верна на Владимир Путин, а потоа му сврте грб – Која е згодната руска ТВ-водителка Викторија Бонја?

Еспресо
Се вчитува....