13.8 C
Скопје
16:07 - 22 март, 2026

Славчо Попоски: Температури и до 22 степени, невообичаено топло време, еве кога

– Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време. Ќе биде и НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот во понеделник и тоа Долж Повардарието и во источните предели ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Краткотрајно зголемување на облачноста ќе има само во понеделник. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Во текот на следната недела во најтоплите предели температурата се очекува да се искачи и до 22 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Краткотрајно зголемување на облачноста ќе има во понеделник. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Инаку снежната покривка на планините и на Скијачките центри е значително намалена и сега истата на Попова Шапка изнесува околу 30 цм. Снежната покривка и понатаму ќе се намалува, со оглед на тоа дека температурите ќе бидат високи и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо
Се вчитува....