04:46 - 7 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Температури над просекот!

– Во следните најмалку седум до десет денови нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и уште потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а само денес ветерот ќе биде од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Наутро ќе биде потопло со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во југоисточните предели истите ќе бидат и над 10 степени. Максималните дневни температури пак ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури и до близу 30 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност а преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....