7.8 C
Скопје
07:38 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Променливо време на почетокот на неделата!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во планинските предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени,  вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени. Потоа и во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено во среда ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет.

Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Поголем пораст на максималните температури се очекува од четврток, кога ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....