20.8 C
Скопје
15:57 - 12 март, 2026

Славчо Попоски: Еве до кога ќе врне (внимавајте на невреме и во Скопје), а кога пак ќе биде МНОГУ ТОПЛО

– Уште денес времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови поројни поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени. И во Скопскиот регион ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ и во делови од Скопската котлина.

Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 24 степени. Потоа од утре па натаму следува значително постабилно време со многу повеќе сонце.

Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН и на БРЗ пораст и веќе од вторник па натаму истите речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека од средината на седмицата во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 40 степени, со што повторно ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin
Се вчитува....