18.8 C
Скопје
16:10 - 13 март, 2026

Славчо Попоски предупредува на пороен дожд, грмежи и засилен ветар

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерела локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови и тоа особено во планинските предели не се исклучува можноста за појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи. Исто така утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....