21:37 - 5 април, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд, проверете кога

– Денес времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека од утре особено попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд.

Особено во вторник ќе биде и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така од утре па натаму ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.

Во Скопје и околината исто така денес ќе биде стабилно, а од утре доцна попладне и во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник ќе растат условите за врнежи од дожд. И во Скопскиот регион ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат до околу 23 степени.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....