6.8 C
Скопје
07:57 - 31 март, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд, еве кои два дена ќе се освежиме

– Продолжуваат МНОГУ ВИСОКИТЕ температури на воздухот, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Времето денес, како и во следните денови во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. Исклучок ќе биде утрешниот ден, како и четврток, кога во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Поголеми услови за нестабилност и тоа во делови од котлината ќе има утре и во четврток попладне и навечер. Температурите ќе се искачуваат до oколу 37 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....