08:42 - 20 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд, еве кога

– Утре, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени. Исклучок ќе биде утрешниот ден, како и следната среда коа ќе има услови за локална појава на попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И во Скопскиот регион времето ќе се задржи сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со температури до околу 40 степени.
Мали се условите за попладневна локална нестабилност во текот на утрешниот ден. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради екстремно високите температури на воздухот, внимавајте како се однесувате со природата. Можна е појава на шумски пожари! – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо

„Ме нервира мрзеливоста на колегите“: Јанг Дади без влакна на јазикот

Еспресо
Се вчитува....