08:54 - 20 ноември, 2026

Фановите бесни: За концертот на Андреа Бочели билетите биле прескапи, а за концерт на Брус Спрингстин – вртоглави!

Цената на билетите за концертот на Андреа Бочели во Белград ги изнервирала сите оние кои сакале да го слушнат во живо познатиот италијански тенор, а не можеле да си го дозволат тоа.

Најевтината карта за концертот на Бочелија во Белград била 13.000 динари (110 евра), па на многумина им било ускратено ова доживување.

Деновиве под слични критики е и познатиот американски музичар Брус Спрингстин.

Како што пренесува CNN, на сервисот Ticketmaster цените на одредени билети за неговите концерти изнесуваат од четири до пет илјади долари.

„Сигурен сум дека Брус Спрингстин нема да го види овој мој твит, но неговите менаџери треба да разговараат со криминалците кои го водат „Тикетмастер“. Ве молам слушнете ги фановите затоа што никој не може да си дозволи вакви влезници“ – напишал еден корисник на Твитер.

Стивен ван Зант, кој глумеше во „Сопранови“ и сега е член на бендот Е Стрит на Спрингстин, им рече на обожавателите дека тој „нема никаква врска со цената на билетите“.

Турнејата на Спрингстин треба да започне во февруари следната година, а првиот концерт ќе се одржи во Амали Арената во Тампа, Флорида.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо

„Ме нервира мрзеливоста на колегите“: Јанг Дади без влакна на јазикот

Еспресо
Се вчитува....