10.8 C
Скопје
18:57 - 15 март, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд, еве кога

– Во следните денови и понатаму времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за ретка појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека мал пад на истите ќе има во почетокот од следната недела. Тогаш максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.
Нов значителен пораст на температурите ќе има од среда па натаму и истите тогаш во најтоплите предели ќе надминуваат дури и 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па токму поради ова на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови има помали услови за локална нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 34 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо
Се вчитува....