-0.2 C
Скопје
06:18 - 10 март, 2026

Славчо Попоски најавува нова тура екстремни жештини, еве кога

-Денес, како и во следните денови и тоа под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе бде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, поремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Исклучок ќе биде утрешниот ден, кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Позначителен пораст на температурите ќе има веднаш по 15 јули, односно од следниот викенд кога ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка и температурите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно и суво време, со многу повеќе сонце. Сепак и во следните денови ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени, додека значително потопло ќе биде од следниот викенд, поточно веднаш по 15 јули кога температурата и во Скопскиот регион ќе надминува 35 степени. НАПОМЕНА: Со надоаѓањето на МНОГУ ТОПЛИОТ бран од Африка и Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНИ ВРЕДНОСТИ, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....